Pages

Thursday, April 12, 2012

Голем Кораб 2011 (Mount Korab 2011)

По повод денот на осамостојувањето на Република Македонија, 8-ми Септември, секоја година се организира меѓународна планинарска акција "Искачување на Голем Кораб" Акцијата беше реализира на 04 септември 2011 год. a по тој повод и моите желби за планинарење, иако сум аматер во оваа област се потрудив малку повеќе и успеав да го искачам по втор пат најголемиот врв во Македонија, Голем Кораб кој е поточно висок 2764 метри надморска височина. Во прилог ќе поставам фотографии од настанот, се надевам дека оваа година 2012 ќе има уште поголема заинтересираност за негово искачување на денот на независноста на Р.М.
пс: почетокот и крајот се најтешки!